Веќе два дена жителите на скопско Драчево се без вода. Нивните барања за информација од надлежните во Водовод се без успех. Секој од нив добива различни ветувања.
„На едни ни велат дека за неколку саати ќе добиеме вода, на други за три дена. Еднаш велат дека се работи за голем дефект, а после тоа за градежни зафати.
Знаете ли што значи денес на ова ладно време да сте без вода? Дали некој мисли на нашиов проблем?
Да не е ова казна од власта бидејќи не ја доби очекувана поддршка на изборите. Но ние не сме задоволни од она што го прави општината. Многу ветија, но ништо не направија“, велат револтираните жители на Драчево.