Ограбена аптека во Маџари, крадецот одзел околу 30.000 денари

Од:

Непознато маскирано машко лице вчера попладне извршило разбојништво во аптека на улицата „Жан Жорес“ во Скопје. Сторителот влегол во аптеката и со закана со пиштол им одзел на вработените околу 30.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Како што информира МВР, случајот во ЕИК Скопје вчера, во 17 часот го пријавила С.М.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма