Руинираниот простор на „Елисије Поповски“ – нова зелена оаза во Центар

Од:

Руинираниот и запуштен простор на улицата „Елисије Поповски“ во Капиштец, на подножјето на Водно, прерасна во убава, хортикултурно уредена јавна површина.

На некогаш калливата земјена површина, која служеше како див паркинг, општина Центар направи убаво уреден зелен простор од 580 м2 и засади 200 зимзелени садници – прекривки.

parkche-elisije-popovski-2

Благата косина се разигрува со 50 грмушки од 2 типа: зимзелени и цветно-листопадни.

Полевањето се изведува со ново поставениот автоматски систем, кој што ќе овозможи долготрајност и убавина на садниците.

parkche-elisije-popovski-3

И ова е дел од ветувањата и проектите на општината и на градоначалникот, Андреј Жерновски, секаде каде што е можно, да се направат мали, зелени оази, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски