Социјалните мрежи се преплавени со оваа фотографија на која јасно се гледа дека жена држи во рацете надгробен дрвен крст на кој пишува Зоран Заев, со година на раѓање 1974-та и 2016-та.
Се работи за учителка во Логоварди, подрачно училиште „Кирил и Методиј“, чиј сопруг е директор на ОУ „Тодор Ангелевски“.
Револтирани граѓани прашуваат дали на ова ќе реагираат надлежните, родителите, Меѓаши, Народниот правобранител, надлежен за прашањата за децата.
Уште еден пост ги изреволтира граѓаните на кој пишува „Есма врати се, Заев ќе го пратиме таму“.