Миркуловски се враќа во репрезентацијата, Ристовски и Јоноски изоставени

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар, изјави дека е фокусиран кон создавање тим кој ќе има потенцијал да обезбеди пласман на Олимпијадата во Токио 2020 година. Хрватскиот стратег денеска го соопшти поширокиот список на повикани играчи за престојниот Мундијал во Франција. На списокот ги нема голманот Борко Ристовски и Ацо Јоноски, а изненадување е враќањето во националниот тим на Филип Миркуловски.

– Во насока на остварување на нашата цел, а тоа е пласман на Олимписките игри во Токио 2020 година, ја подмладуваме репрезентацијата и за тоа бараме поддршка од сите клубови.

Неповиканите беа дел од националниот тим изминатата деценија, дадоа многу за македонскиот ракомет, но сметам дека се емоционално истрошени, а и промената на системот со кој планирам да играме во иднина е причината за промените во тимот, изјави Червар на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека за време на Божик ќе биде со репрезентативците наместо со семејството и побара од играчите да ја следат неговата пожртвуваност и со напорна работа добро да се подготват за следните предизвици.

Македонија подготовките за Светското првенство ќе ги одработи во две фази. Првата е од 20 до 30 декември во Маврово, потоа следуваат два слободни дена за новогодишните празници, а од 2 јануари 2017 репрезентацијата ќе се собере во Скопје. Во план се три контролни натпревари со Босна и Херцеговина по што ракометарите ќе заминат во Франција.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ