МОСТ: Двете водечки партии по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 3.000 набљудувачи. На гласачките места беа распоредени 2.664 набљудувачи кои покрија околу 55% од гласачките места во Република Македонија.

МОСТ ги обработи податоците од сите избирачки места на кои беа распоредени ПВТ набљудувачи.

МОСТ ја повикува изборната администрација да ги истражи сите забележани нерегуларности и да постапи по сите примени приговори, како би се почитувала изразената волја на гласачите.

МОСТ ја повикува јавноста на трпение се додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. МОСТ внимателно ќе ја следи работата на ДИК во наредниот период и ќе ја известува јавноста за сите активности.

Што се однесува до резултатите од изборите, поради маргината на грешка која ПВТ примерокот ја продуцира, МОСТ не е во можност да ја проектира распределбата на мандати по изборни единици.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:

ИЕ 1 – 73,85%

ИЕ 2 – 66,00%

ИЕ 3 – 73,00%

ИЕ 4 – 75,33%

ИЕ 5 – 63,62%

ИЕ 6 – 51,38%

Според обработените податоци од ПВТ примерокот, резултатите по изборни единици се следни:

Изборна единица 1 – максимална маргина на грешка 1.6%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ  – 34.5%

ДПА – 2.1%

ДУИ – 6.1%

Коалиција СДСМ – 44.1%

Коалиција за промени и правда – 1.8%

Алијанса за Албанците – 1.7%

Либерална партија – 0.6%

Коалиција ВМРО за Македонија – 1.8%

Беса – 5.2%

Левица – 2.2%

Изборна единица 2 – максимална маргина на грешка 1.8%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ  – 36.2%

ДПА – 3.2%

ДУИ – 9.6%

Коалиција СДСМ – 34. 7%

Коалиција за промени и правда – 1.1%

Алијанса за Албанците – 3.3%

Либерална партија – 0.4%

Коалиција ВМРО за Македонија – 1.8%

Беса – 8.4%

Левица – 1.2%

Изборна единица 3  – максимална маргина на грешка 0.8%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ  – 53.4%

ДПА – 0.5%

ДУИ – 0.7%

Коалиција СДСМ – 40%

Коалиција за промени и правда – 0.7%

Либерална партија – 0.4%

Коалиција ВМРО за Македонија – 3.5%

Левица – 0.9% 

Изборна единица 4 – максимална маргина на грешка 0.7%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ  – 49.4%

ДУИ – 0.3%

Коалиција СДСМ – 46.3%

Коалиција за промени и правда – 0.9%

Либерална партија – 0.3%

Коалиција ВМРО за Македонија – 2.3%

Левица – 0.6%

Изборна единица 5 – максимална маргина на грешка 1.3%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ  – 40.7%

ДПА – 1.6%

ДУИ – 6.9%

Коалиција СДСМ – 39.2%

Коалиција за промени и правда – 0.7%

Алијанса за Албанците – 4.1%

Либерална партија – 0.3%

Коалиција ВМРО за Македонија – 2.9%

Беса – 2.5%

Левица – 1.1%

Изборна единица 6 – максимална маргина на грешка 1.5%

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ  – 17.5%

ДПА – 10.3%

ДУИ – 26.5%

Коалиција СДСМ – 16.6%

Коалиција за промени и правда – 0.2%

ПДП – 0.8%

Алијанса за Албанците – 11.6%

Коалиција ВМРО за Македонија – 0.5%

Беса – 16%

Врз основа на овие резултати МОСТ заклучува дека двете водечки партии по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати.

Би можело да ве интересира

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он