„Најискрено се надевам дека после 10 години, Македонија ќе успее да организира и спроведе фер и демократски избори, за на крајот од денот оној што ќе победи да прими честитки од онкј кој ќе изгуби.
Се надевам дека изборниот ден ќе помине мирно, исто така се недавем дека ќе има миран стабилна атмосфера и по 19 часот кога ќе се бројат гласовите. Апсолутно јасно е дека Македонија е подготвена за промени и јас сум убеден дека од утре натаму ќе навлеземе во процесите за политичка стабилизација на земјата која предолго е во агонија“, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ 1.