Димитриев: Од волјата на граѓаните нема бегање

Од:

Со оглед на тоа што предизборната кампања помина во одлична атмосфера, без никакви нарушувања на она што се вика кодекс на однесување во предизборието, очекувам и денешниот ден – денот на гласањето да помине во убава атмосфера, бидејќи за Република Македонија ова е празник, изјави премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по гласањето во Пробиштип.

–  Очекувам дека по пребројувањето на гласовите политичките субјекти ќе ги прифатат резултатите бидејќи тоа е волјата на граѓаните и од тоа нема бегање. На еден начин, со ова отвораме нова страница во нашата историја со влегување во помирни води, со формирање политичка влада, оставање на кризата зад нас и концентрирање на реализација на изборната програма на онаа партија што ќе ја добие довербата од народот, рече Димитриев.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он