Екипата на А1он е на терен во скопски Аеродром забележа лица кои со возила разнесуваат луѓе на избори.
Според граѓани, се работи за бегалци од Табановце и жители од Пустец.
Цитроен и Тојота со неготинска регистрација и Опел астра со кумановски регистерски табличкицата кружи низ населбата и ги носи луѓето до избирачките места.
Никој не може да се доближи до возилата, но жителите на Аеродром револтирани велат, нека победи оној кој има поддршка од народот, а не да ни го носат Пустец.
„Пустец не вирее во Аеродром“, велат за А1он жители на Аеродром.