Ставрески: Владата ги укинува и намалува царините од 2013. за повеќе производи

Од:

Од 1. јануари следната година Владата ги укинува или намалува царинските стапки за репроматеријали за резервни автомобилски делови, полиетиленски фолии, алатни машини, железнички товарни вагони и автобуси,  како директна поддршка на пет стопански гранки.

– Укинувањето на царинските стапки за тие стоки е во функција на подобрување на условите за стопанисување на домашните производители, развој на индустријата и поголем извоз на странските пазари, информира денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Според него, со оглед дека во Македонија работат индустриски капацитети коишто произведуваат автомобилски делови, како поддоговарачи на големите автомобилски компании и кои се извозно ориентирани, се укинува стапката од 15 проценти за облоги и плочки за кочници, фрикциони производи и други делови од нетемперирано леано железо.

Во металопеработувачката индустрија за над  105 производи, пред се алатни машини,  се намалуават стапките кои  досега изнесуваа 5 проценти и повеќе. Со тоа, укажа вицепремиерот, директно ќе им се помогне на компаниите што се занимаваат  со производство на предмети од метали и на целокупната  металопреработувачка индустрија, но  и за малите бизниси кои во голем дел се занимаваат со  произвдоство на предмети од метали.

Ќе има намалување на царините  и за транспортниот сектор со цел обнова  на возниот парк и намалување на трошоците на  транспортните компании. Се намалуваат царините за автобусите и минибусите од прва категорија од 10 проценти на 5 проценти, додека царините за автобусите и минибусите од втора категорија се намалуваат од 15 на 5 проценти. Царините за вагоните и цистерните пак, кои досега изнесуваа 4 проценти, сега се укинуваат. Тоа, укажа Ставрески, е директна поддршка за компаниите од транспортниот  сектор во патниот и  железничкиот сообраќај.

Се интервенира  и кај царинските стапки за фолии од полиетилен,  што делумно се употребуваат во прехранбената индустрија и во графичката индустрија кај копир апаратите, каде се укинува целосно стапката што досега изнесуваше 6 проценти.

– На овој начин преку значително намалување и укинување на царинските стапки  Владата директно ќе им помогне на пет-шест сектори што се значајни за македонската индустрија и  коишто во вакви околности кога се соочуваат со предизвиците на европската и светската економска криза  и очекуваат поддршка од Владата.  Како и досега излегуваме во пресрет  и продолжуваме со мерки што се добри  за стопанството бидејќи значат помало оптоварување на фирмите,  нагласи Ставрески.

Директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов информира дека фискалните импликации  од намалувањата изнесуваат околу 30 милиони денари на годишно ниво. Се разбира тие се антиципирани  во проекциите за буџетот за наредната година, а сето тоа треба да придонесе за зголемување и подобрување на економската активност во Република Македонија,  посочи Каргов.

Намалувањата на царинските стапки, додаде, се мерки на Владата донесени во соработка со бизнис заедницата и нејзините потреби.

– Ќе продолжиме и  понатаму да согледуваме кои се местата во оваа област за да се продолжи со намалување и елиминирање  на царинските стапки, пред се за зголемување на конкурентноста на нашето стопанство и истовремено да не се оштети некој друг сектор што веќе постои во македонија, рече Каргов.

Владата на Република Македонија секоја година ја усогласува царинската тарифа за наредната година согласно обврските кон Светската трговска организација и Европската унија. Усогласувањето на царинската тарифа, согласно обврските од Протоколот за пристапување на Република Македонија кон Светската трговска организација во транзицискиот период од 2003 до 2012 година е завршено. Со Царинската тарифа за 2012 година сите царински стапки се усогласени со конечните обврзувачки стапки од Протоколот. Измените на Законот за царинска тарифа, што ги овозможуваат намалувањата на царините, се одлука на Владата по иницијатива на бизнис заедницата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница