Груевски: Граѓаните ќе одлучат кој ќе управува со државата и во кој правец ќе се движи таа

Од:

Денеска е денот кога сите граѓани ја имаат повторно моќта во своите раце да одлучат кој во наредниот период ќе управува со државата, во кој правец ќе се движи таа, и какви политики ќе се водат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатскатa листа на Коалицијата За подобра Македонија, откако го оствари своето избирачко право на денешните парламентарни избори.

Смета дека тоа е особено важно по, како што рече, сето она што се случувало во текот на изминатите две и пол години.

– Ова е денот кога граѓаните треба да го кажат своето мислење, да излезат масовно да гласаат, да го остварат своето избирачко право и да го дадат своето мислење за тоа како и во кој правец во идните години треба да се движи Македонија, истакна Груевски. 

Верува дека најголем дел од граѓаните ќе го искористат тоа свое право, ќе излезат и ќе го дадат својот глас на овие, како што потенцира мирни, фер и демократски избори.

– Среќен сум и задоволен што досега, до 14 часот, според сите информации нема никакви посериозни проблеми, гласањето се одвива нормално, фер и демократски. Тоа ме радува, тоа е добро за државата, и за сите нас што живееме во неа и за нејзината иднина. Се надевам дека така ќе завршат изборите денеска, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он