Над 40% одѕив во Крива Паланка и Ранковце до 13 часот

Од:

На половина ден од одвивањето на избирачкиот процес во државата информациите за излезеност од општина Крива Паланка покажуваат дека гласале 44,76 отсто, а во Ранковце 40 отсто.

– Од вкупно регистрирани 17.068 граѓани со право на глас, до 13 часот гласале 44,76 отсто. Воглавно избирачкиот процес се одвива без пречки, но има одредени граѓани кои ги нема во избирачкито список. Утврдено е дека истите имаат нови лични карти, не постари од два месеца и не се пријавиле на време до ДИК за да бидат регистрирани. Постапуваме согласно Изборниот законик и во консултација со ДИК ги решаваме пројавените проблеми, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК Крива Паланка.

Одѕивот на гласачи во општина Ранковце до 13 часот изнесува 40 отсто.

– До 13 часот гласаа 1224 граѓани од вкупно регистрирани 3074, што изнесува 40 отсто излезеност, информира Даниел Трајковски, претседател на ОИК, Ранковце.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он