Обоени со црн спреј два автомобили во Неготино

Од:

Два автомобили сопственост на едно неготинско семејство биле обоени со црн спреј во текот на изминатата ноќ, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Случајот утрово во 7:50 часот телефонски го пријавила 45 годишната Г.Ј. од Неготино, во неготинската полициска станица.

– Во пријавата е наведено дека дека на улица „12-те Ваташки Другари“ пред куќен број 25 во Неготино, во временскиот период од 01:00 часот се до моментот на пријавување, од страна на непознато лице извршено е оштетување на два патнички автомобили „пежо 206“ и „опел астра“. Автомобилите во сопственост на пријавителката и нејзиниот сопруг, на повеќе места биле обоени со црн спреј, соопшти Стојковска.

Полициски службеници извршиле увид на лице место, се превземаат мерки за целосно расветлување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко