Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар информираат дека гласањето на денешните предвремени парламентарни избори се одвива слободно и демократски.
Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места и досега гласале 12,9 насто од евидентираните 82.212 граѓани со право на глас, соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.
Гласачите од Битола и гласачите од Демир Хисар избираат кандидати за пратеници од ИЕ5.
-Точно во 7 часот, утрово беа отворени гласачките места и кутиите на 35 места во општина Демир Хисар каде право на глас имаат 7.247 граѓани, а досега гласаа 11,46 насто, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.