Најмалку 30 лица се погинати во денешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба во пристаништето во сомалиската престолнина Могадишу, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти.
Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската исламистичка група Аш Шабаб.
Повеќето од жртвите се пристанишни работници. Убиени се и најмалку петмина полицајци, а приближно 50 лица се ранети, од кои повеќето се цивили.
Нападот бил изведен во близина на влезот во главното пристаниште во Могадишу. Атентаторот го кренал во воздух минибусот наполнет со експлозиви во близина на полицската станица и контролниот пункт, јавија очевидци.
Портпаролот на Аш Шабаб шеик Абдиасис Абу Мусаб за британските меидум и изјави дека цел на нападот биле полицајците кои биле распоредени во реонот на пристаништето.