Во Кочани отворени гласачките места

Од:

Гласањето во сите гласачки места во општина Кочани започна точно во 7 часот и истото се одвива без проблеми. На избирачкиот список во вкупни 61 избирачко место се запишани 32.933 граѓани со право на глас, информира претседателката на општинската изборна комисија Далиборка Стојанова.

Во општина Кочани на овие парламентарни избори гласачките места се намалени за две во планинскиот дел на осоговијата, поради намален број на бирачи, согласно упатството на ДИК.

Во општина Виница денес се гласа на 33 избирачки места, а во единствениот избирачки список се запишани 17.071 граѓани.Гласањето се одвива норамлно без забелешки, истакнува Ацо Ѓоргиев, претседател на Општинската изборна комисија.

Гласањето на предверемените парламентарни избори од изутринава се одвива нормално и во општините од регионот. Во општина Чешиново Облешево се гласа на 13 избирачки места, а се запишани 5.716 бирачи. Во општина Зрновци се гласа на 4 избирачки места, а на единствениот изборачки список се запишани 2.613 граѓани.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он