Во општините Дебар и Центар Жупа во седум часот отворени се сите избирачки места и гласањето се одвива без проблеми.
– По вчера, навреме распределениот избирачки материјал, денеска без никаков проблем беа отворени сите 27 избирачки места, 15 кои припаѓаат на изборна единица пет и 12 на изборна единица шест. Своето право на глас треба да го остварат вкупно 17.461 граѓанин, 8.705 во петатта и 8.705 во шестата изборна единица, информира Али Реџа, секретар на Општинскаа изборна комисија за Дебар.
Според него во гласачкото ливче за петта изборна единица се десет политички субјкети, односно пет коалиции и исто толку политички партии, додека во шестата за девет политички субјекти, пет коалиции и четири политички партии.
– Сите 16-сет избирачки места во општина Центар Жупа се навреме отворени и гласањето тече без проблеми. Право на глас имат 6.352 граѓани а на гласачкото ливче се ноѓаат 11 политички субјкети, пет коалиции и шест политички партии, изјави Ерхан Зубер, претседател на Општинската изборна комисија.
Во двете општини вчера правото на глас го оствариле 26 болни и немоќни лица, од нив 20 во општина Дебар.