Во Штип 80- те избирачки места се отворени точно во седум часот, со што граѓаните можат да ја остваруваат својата воља за гласање на Предвремените Парламентарни избори 2016. Претседателката на ОИК Штип, Сенка Андреева, вели дека нема проблеми на гласачките места во Штип, со што избирачкиот процес непречено се одвива.
Во Штип со право на глас се вкупно 38.019 гласачи, а на посебниот избирачки список за гласање во странство се регистрирани 3.606 избирачи.
– Сите членови на избирачките одбори ги сфатија изборите сериозно и затоа немаме проблеми на избирачките места. Имаме набљудувачи од МОСТ и од ОБСЕ, кои не посетуваат и во просториите на Општинската изборна комисија, вели Андреева.
Таа најави дека првиот пресек за излезноста на гласачите на избирачките места Општинската изборна комисија ќе го соопшти во 10 часот.