Карпош Соколи подобар од Мега Лекс

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи дојдоа до третата победа во дебитантската сезона во АБА-лигата, откако синоќа во меч со драматичен финиш, го совладаа тимот на  Мега Лекс со 75:72.

Тоа воедно беше трет по ред домашен триумф за избраниците на тренерот Драган Николиќ, со кој дефинитивно фатија приклучок со екипите кои се борат за опстанок во регионалното натпреварување.

„Соколите“, кои играа без повредениот Игор Пенов, одлично го почнаа мечот, имаа плус 13 на крајот од првиот период (25:12), предност која на момент ја загубија во второто полувреме, но која ја вратија во најважниот момент. Драган Лабовиќ искусно го реализира последниот напад, по што следуваше одлична одбрана со која беше запечатена победата.

Лабовиќ со 28 поени воедно беше најпрецизен кај „карпошовци“, Зоран Вркиќ постигна 22 поени додека останатите 25 поени беа речиси рамномерно распределени кај осум други кошаркари.

Претходно, другиот македонски претставник во АБА лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, загуби на гостувањето во Бар од Морнар со 65:64 и остана на четири победи по 13.коло.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос