Брачен повозрасен пар од Пештани, во Охрид, денеска гласале као болни лица, во нивниот дом.
Тие имале медицинска документација за овој вид на гласање, но прашањето е како и кој им ја издадал со оглед дека вечерва требало да патуваат за САД, на гости и најверојатно нема да можеле утре да го остварат своето право.
Неколкумина сведоци ги виделе и двајцата како по гласањето отишле во продавница за да пазаруваат за патотот на кој сами се упатуваат вечерва. Доколку се способни да одат на далечен пат, тогаш што е проблемот да одат до гласачкото место?
Набљудувачи го пријавиле случајот и поднесен е приговор за нивното гласање со оглед дека и двајцата по се изгледаат имаат лажна медицинска документација.