Гласањето во избирачкото место во Македонската амбасада во Берлин, каде од 7 часот наутро се гласа за партиските листи за седмата изборна едница, се одвива без никакви проблеми и во најдобар ред, јавува дописникот на МИА од Берлин.
На избирачките списоци за предвремените „Избори 2016 година“ се запишани вкупно 585 гласачи од северниот дел на Сојузна Република Германија.
До 15 часот избирачкото право го искористиле 200 државјани на Република Македонија кои што предходно се регистрирале во Државната изборна комисија, што значи дека во првите 8 часа гласале околу 30 отсто од гласачите.
– Гласањето започна без никаква проблемни во 7 часот изутрина и се одвива во најдобар ред, вели во изјавата за МИА претседателот на изборната комисија на гласачкото место во Амбасадата во Берлин, Сашо Марковски.
Во Амбасадата на Република Македонија во Берлин гласаат регистрирани македонски државјани од повеќе градови во овој дел на Германија како Хамбург, Бремен и Хановер.