Граѓаните утре можат да пријават повреда на избирачкото право во канцелариите на омбудсманот

Од:

Во канцеларијата на Народниот правобранител утре на денот на одржување на предвремените парламентарни избори во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следните телефонски броеви:  044 344-082 во Тетово, 034 329-996 во Струмица, 045 228-586 во Кичево, 047 242-310 во Битола, 032 389-701 во Штип  и 031 431-488 во Куманово.

Како што информрираат од Кабинетот на народниот правобранител, омбдусманот правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

– Народниот правобранител потенцира, дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, нагласуваат од Кабинетот на народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он