Во Делчево денеска гласаат 107 болни и изнемоштени, а гласањето се одвива мирно и без проблеми информира претстедателот на ОИК, Владимир Петревски.
– Денеска гласаат 107 болни во Делчево кои имаат право на глас. До нас беа доставени 119 барања, но од нив 12 се одбиени согласно со законските регулативи. Во Делчево право на глас имаат 15.049 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места, истакна Петревски.
Во Берово, пак, денеска гласаат 129 болни и изнемоштени, а и овде гласањето тече во најдобар ред, истакна претседателот на ОИК, Мишо Догазански.
– До овој момент повеќе од половината гласачи веќе го завршиле гласањето и засега, нема пријава за никакви проблеми. Инаку, брјот на болни кои гласаат во Берово денеска е доста намален во споредба со претходните избори кога на избирачкиот список беа заппишани 350 болни, рече Догазански.
Тој додаде дека на избирачкиот список во Берово на овие избори ќе гласаат вкупно 11.194 гласачи што е за 150 помалку од претходните избори, а во Берово ќе се гласа на 16 избирачки места.
Во Македонска Каменица денеска ќе гласаат 20 болни што е двојно помалку од претходните избори,
-Во општина Македонска Каменица гласањето на болните и изнемоштените е при крај и се спроведе без никакви проблеми. Исто така и примопредавањето на изборниот материјал до ОИК на избирачките одбори за утрешното гласање е при крај. Досега процесот тече без никакви проблеми. Во Македонска Каменица право на глас според Избирачкиот список имаат 6.777 гласачи кои гласаат на 17 избирачки места, рече Сања Митреска, престедател на ОИК на Македонска Каменица.
Во Пехчево денеска гласаат 58 болни, а на избирачкиот список се запишани 4.311 гласачи кои гласаат на 9 избирачки места.