Судот нареди одземање на видео записот од општинската зграда во Кавадарци

Од:

Видео материјалот од општинската зграда во Кавадарци ќе биде одземен  по судска наредба и на барање од обвинителството поради основано сомневање за сторено кривично дело поврзано со изборите.

Наредбата е издадена синоќа, а со неа се наложува на полициската станица Кавадарци да го одземе видео записот и да го предаде на понатамошно постапување во обвинителството.

Судската наредба е обезбедена откако вчера во полицијата стигнала пријава за обид за поткуп пред претстојните избори.

Жител на Кавадарци вчера во полицијата пријавил дека локален функционер од градот му дал 1.000 денари и му рекол дека тие пари му се за џепарлак.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он