Две спортски обложувалници на „Спорт лајф“ во Скопје вчера се ограбени.
МВР информира дека вчера во 18,10 часот е пријавено дека во 17,40 часот на ул.„ Благоја Стефковски“ поточно во спортска обложувалница „Спорт Лајф“, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработената го одзело дневниот промет.
Вториот грабеж е во 20,30 часот на ул.„Тале Христов“ каде непознато лице со закана со пиштол од вработените одзел засега неутврдена сума пари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случаите.