Австралија гласаше и првиот впечаток е слабата излезност на дијаспората на изборите која не ја надмина бројката од 1000 гласачи.
Симпатизери и членови на една политичка партија, веќе почнаа да манипулираат и намерно да шират дезинформации за гласањето и дека веќе победиле во дијаспората.
Намерно го заобиколуваат фактот дека треба да се заврши гласањето и во Америка и Европа, и дека цензусот за избор на еден пратеник е 6.400 гласови.
Во Мелбурн, како што пренесува „Фаланга“ има обесправени гласачи кои регуларно се пријавиле за гласање и при проверката биле во избирачкиот список.
Кога дошле во генералниот козулат да го остварат своето право на глас, од избирачкиот одбор им рекле дека не може да гласаат зошто ги нема во Избирачкиот список.
Вкупно пријавени на изборите за во седмата изборна единица се 20.591 гласачи. На минатите избори од вкупно пријавените гласачи, излегле само половината од нив на гласање.