Компјутери украдени од товарен воз

Од:

Од вагон од композицијата што сообраќала на релацијата Богородица-Табановце украдени се 52 компјутери. Кражбата во СВР Куманово вчера во 13:15 часот телефонски ја пријавиле полициски службеници од полициската станица Табановце –железнички премин.

Како што информира МВР, каржбата ја забележале српски транзитери-царински посредници кои при преглед констатирале дека недостасува пломба и оти крилото од еден контејнер било отворено.

По овластување од јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што е констатирано дека според документацијата, во контејнерот требало да има 42 кутии или вкупно 1.212 компјутери, а при извршениот преглед во присуство на царински работници, утврдено е дека недостасуваат 52 компјутери без монитори марка „ХП“.
Извршени се разговори со лица затекнати на местото на настанот и засега не се знае точната локација каде била извршена тешката кражба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски