Пендаровски: Одлучуваме за нашата иднина, да излеземе во голем број и да гласаме за живот!

Од:

Во недела, на 11 декември ќе ги имаме веројатно најважните избори во историјата на Република Македонија. На тие избори буквално ќе се решава за судбината и иднината на сите нас и на нашата држава Република Македонија, рече Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Немој да дозволите режимот и овојпат да ни ја одземе победата како многу пати претходно. Слободно излезете во што е можно поголем број, гласајте по сопствената свест и совест и воопшто не се плашете од заканите и уцените кои ги има секојдневно од страна на диктатурата во заминување.

Ако излеземе во огромен број, а јас сум убеден дека ќе го направиме тоа, тогаш му остануваат само уште два дена на режимот да си ги пакува куферите и да замине засекогаш од политичката сцена во Република Македонија.

Гласајте за сегашноста, гласајте за иднината на Република Македонија, гласајте за себе, за своите деца, за своите внуци. Најдобар начин да го направите тоа е да го заокружите борјот 4 во сите шест изборни единици со што се отвараат нови перспективи за Македонија, вртиме нова страница во македонската историја и почнуваме да одиме по патот по кој одевме пред 10 години, а тоа е насоката кон модерните, современи просперитетни, европски држави и нации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати