Победи на фаворитите во натпреварите од кошаркарската Евролига

Од:

Трите водечки екипи во кошаркарската Евролига, ја оправдаа улогата на фаворити и забележаа победи во натпреварите од единаесеттото коло.

Фенербахче во Истанбул за победи Црвена ѕвезда со 87-72. Актуелниот шампион ЦСКА Москва славеше во Милано кај Армани со 64-79, додека во Мадрид кошаркарите на Реал беа подобри од Жалгирис со 96-91.

Во првиот меч од ова коло одигран во средата, Бамберг на гости го совлада Макаби во Тел Авив со 85-70.

Денеска ќе се играат останатите четири натпревари:
Анадолу Ефес – Барселона,
Панатинаикос – Галатасарај,
Олимпијакос – Уникс Казан и
Басконија – Дарушафака.

Табела: ЦСКА Москва 10-1 (победи-порази), Реал Мадрид 8-3, Фенербахче 8-3, Олимпијакос 6-4, Басконија 6-4, Панатинаикос 5-5, Дарушафака 5-5, Анадолу Ефес 5-5, Барселона 5-5, Макаби Тел Авив 5-6, Жалгирис 5-7, Црвена звезда 4-7, Армани Милано 4-7, Уникс Казан 3-7, Галатасарај 3-7 и Бамберг 3-8.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос