Родителите поминуваат повеќе од девет часа дневно пред телевизорите, компјутерите и други електронски уреди, но истовремено си даваат високи оценки како примери за своите деца кога се работи за медиумските навики, покажува новата студија која е објавена.
Според резултатите од студијата, родителите исто така се „многу позитивни” кога се работи за улогата на технологијата во животите на нивните деца, но се внимателни кон ризиците кои технологијата ги носи со себе, како што е помалку спиење и претерано ширење на информации онлајн. Студијата која е објавена на примерок од 1.786 родители во Америка, покажува дека тие во просек поминуваат девет часа и 22 минути пред екраните, а голем дел од тоа време, 7 часа и 43 минути, е категоризирано како употреба на лични медиуми, додека околу 90 минути се поминуваат пред екраните на работното место.
Истражувањето го спроведоа истражувачи од непрофитабилната медија група Комон сенс (Common Sense Media Group) и Центарот за медиуми и човечки развој на Универзитетот Нортвестерн. Две третини испитани родители, 67 отсто од нив, рекле дека гледањето во електронските уреди и контролирањето на нивните деца на социјалните мрежи е поважно отколку да им се пружи приватност, покажува истражувањето.
Директорот на групата Комон сенс медиа, Џејмс Стајер рекол дека за него било вџашувачки колку родителите ја користат технологијата и колку е голема разликата меѓу нивните навики и тоа како самите се гледаат и како ги гледаат своите деца.
– Сепак, 78 отсто од сите родители веруваат дека се добри примери за своите деца, кога станува збор за медиумите и технологијата – покажува студијата.
Наспроти одредено намалено користење на технологијата, речиси сите родители, 94 отсто од нив веруваат дека технологијата помага во училишната работа и образованието на децата, а 89 отсто од нив веруваат дека таа ќе ги подготви децата за нивните идни професии во 21 век.