Љајиќ: Ќе бараме хашките осуденици да ја отслужуваат казната во Србија

Од:

Српскиот вицепремиер и претседател на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ изјави дека Србија повторно ќе покрене иницијатива пред Хашкиот суд и ОН нејзините државјани кои се осудени во Хаг, да ги отслужуваат казните во Србија.

Тој појасни дека формалната одлука мора да ја донесе Советот за безбедност на ОН, кој го основа Хашкиот суд, но и дека Трибуналот мора да даде свое мислење.

– Тоа прашање во последните неколку години е константна тема на сите наши разговори со претставници на Хашкиот трибунал и судот и обвинителството, рече Љајиќ, потсетувајќи дека генералниот секретар на ОН во 1993 година донел препорака според која осудениците не треба да издржуваат казни затвор во земјите на поранешна Југославија, затоа што војната уште траела.

Љајиќ додаде дека Националниот совет за соработка со Хаг неколку пати му пишал на Бан Ки-мун и барал Србија да се впише во списокот на 17 земји кои потпишале договор со Хаг за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени