Висар Фида, кадар на ДУИ во времето кога бил директор на Агенцијата за странски инвестиции во 2013 година користел стипендија од 88.900 фунти, а само 7 месеци потоа станува министер без ресор во владата на Никола Груевски.
Министерството за образование и наука му доделило стипендија за постдипломски студии во износ од 61.700 фунти за школарина, а 17 месеци добивал и месечна стипендија во вредност од 1.600 фунти.
Името на Висар Фида се појавува и на веб-страницата на London Business School, но таму го пишува како Австриец, а не Македонец.
Државата била дарежлива со директорот на Агенцијата, кој освен парично подоцна го награди и со министерско место. Сепак, државата не е толку дарежлива кога се работи за болни деца, па така и малата Тамара почина чекајќи 30 илјади евра за лекување.