Попоски: Изборните резултати не можат да бидат оспорени

Од:

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски кој денеска учествува на 23 министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) што се одржува во германскиот град Хамбург денеска изјави дека главни теми на состанокот покрај Украина, Сирија биле заканите од меѓународен тероризам, повратниците од Исламската држава, и бегалската криза.

– Заканите од екстремизам, тероризам, странски борци се во срцето на дискусиите коишто се одвиваат во рамки на овој министерски состанок на ОБСЕ. Секако за нас е значајна и мигрантската криза со која се соочуваме. Во овој поглед е можеби добар сигнал тоа што претседателството со ОБСЕ од Германија оваа година го презема Австрија, земја со која имаме многу плодна соработка на ова поле и сметаме дека таа соработка ќе продолжи и идната година со цел заеднички на европски начин да одговориме на сите предзивици што произлегуваат од тековната мигрантска и бегалска криза, изјави  Попоски за МИА во Хамбург.

Тој на маргините на министерскиот совет на ОБСЕ во Хамбург имал средби со неколку свои колеги вели дека од нив добил поддршка за напорите кои што Македонија ги прави да обезбеди фер избори кои што ќе овозможат продолжување на евратланските интеграции.

– Во поглед на Македонија најзначајниот дел се однесува на хуманата димензија, ОДИХР, набљудувањето на изборите, и демократските процеси. Во овој поглед добив охрабрување од поголем број колеги кои што чувствуваат дека во Македонија се постигнати многу значајни резултати во креирање на позитивна клима за спроведување на фер и демократски избори и сметам дека од тоа произлегува и фактот што многу тешко би можело да се оспорат резултатите од изборите во овој поглед, изјави Попоски.

Вицепремиерот денеска на минситерскиот совет на ОБСЕ имаше обраќање на кое пред колегите од педесетина земји членки на организацијата се осврна на заедничките предизвици со кои се соочуваат Македонија, Југоисточна Европа и Европската Унија, како опасноста од тероризмот и радикализација.

Поповски ги повика членките на ОБСЕ да го зголемат заедничкиот напор за  превенирање и надминување на последиците од конфликтите за меѓународната безбедност. Со министерскиот состанок на ОБСЕ во Хамбург завршува едногодишното претседавање на Германија. Досегашниот претседавач германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмаер позицијата претседавач ја предава на австрискиот министер за надворешни работи  Себастијан Курц.

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?