А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Формирана фракција во Левица: Апасиев лаже!

by А1он08/12/2016 - 12:5908/12/2016 - 13:10493
Share0

Основачите на партијата Левица на прес конференција најави формирање на внатрешна фракција „Единство“ поради како што велат, организациски и стратешки грешки на раководните органи. Велат, целта на фракцијата „Единство“ е враќање на партијата на вистинскиот пат и обединување на членството.

Добивај вести на вибер

– Во изманитата година, Левица покажа храброст, знаење, желба за промени, но не и политичка зрелост и мудрост. Не беше донесе стратешки план, туку беше исполнувани желбите на одредени лидери. За да се оствари тоа, беше прекршен статутот на партијата и употребени лаги и манипулации на членството. Беа искажани закани за бркање од партијата и дисциплински постапки. Ние не ја формиравме Левица за да формираме нови диктатори, туку за да формираме нови лидери, рече Маријан Ненов, еден од основачите на партијата.

Спротивно на тврдењата на раководството на Левица, тој тврди дека опозицијата и понудила на партијата сигурни пратенички места, но како што рече, некој намерно ги отежнувал преговорите се со цел партијата да излезе самостојно на избори.

– Потполно сме согласни за програмските определби во кои и самите учествувавме, но не и со начинот на одење на овие избори. Единствена цел на Левица треба да биде падот на режимот, ништо не е побитно од тоа. Ние не се боревме со години на улица против него за допринесеме за негов опстанок и продолжување на агонијата. Режим се турка заедно, вели Ненов.

Од „Единство“ велат дека е лага изјавата на Димитар Апасиев дека тужбата е одбиена.

– Тие пред ден-два добија од судот претставка, каде треба да се произнесат по тужбата, што значи таа е се уште во оптек, рече Маријан Ристески, еден од основачите.

Тој вели дека е прекршен статутот на Левица, бидејќи не е свикан пленум за начинот на кој партијата ќе излезе на изборите.

– Ние не основавме партија за некој да ја узурпира партијата, се боревме за да основаме партија во која ќе владее демократијата. Тие излегуваат најпаметни, се скараа со сите партии, со интелектуалци, со новинари, но најголемата грешка ја напрација кога удрија внатре во партијата, кога се заканија дека ќе спроведат дисциплниска постапка, бидејќи наводно ние сме биле виновни, рече Ристески.

Александар Тодески

levica

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Горан Наумовски16/04/2026 - 14:5116/04/2026 - 15:42

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски16/04/2026 - 08:4216/04/2026 - 10:43

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски10/04/2026 - 11:4010/04/2026 - 11:40

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он08/04/2026 - 19:3408/04/2026 - 19:44

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Горан Наумовски08/04/2026 - 12:25

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Горан Наумовски08/04/2026 - 09:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто