„Доктор Офболи“ во МОБ

Од:

На сцената на Македонската опера и балет денеска ќе биде изведена детската балетска претстава „Доктор Офболи“.

Во улогата на доктор Офболи ќе настапи Киро Павлов, Варвара ќе ја игра Цветанка Стојановска, Капитан – Игор Веланоски, Ане ќе биде Андријана Јаневска, а во улогата на Ване ќе се појави Марина Георгиевска.

Се работи за детска приказна во која главна улога е доктор Офболи кој се грижи за здравјето на животните со неговите помошници Ане и Ване.

Музиката е на Игор Морозов, кореографијата на Михаил Крапивин од Русија, сценографија на Живојин Трајановиќ и костимите се на Марија Пупучевска.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање