Бошкоски: Ќе иницираме измена на Законот за бранители

Од:

Носителот на листата кандидати за пратеници од коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Петтата изборна единица Љубе Бошкоски денеска на средби со граѓаните во Битола истакна дека откако ќе стане пратеник во Собрание на Република Македонија ќе поведе иницијатива за измена на Законот за бранителите.

Според него, новиот закон за бранители ќе биде со поширок опфат и ќе овозможи заштита на сите кои претрпеле штета од татковинската војна во 2001 година.

– Во нашата програма има посебно поглавје посветено на бранителите од татковинската војна во 2001 година. Ние ќе ги реализираме точките од нереализираниот Закон за бранители и да се донесе нов закон со кој јасно ќе бидат опфатени сите бранители, но и жртвите од татковинската војна, инвалиди од таа војна, нивните семејства и други директно или индиректно засегнати лица. Македонија не смее да ги заборави хероите, рече Бошкоски.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он