Врховниот суд на Бразил одлучи претседателот на Сенатот да остане на должноста

Од:

Бразилскиот Врховен суд одлучи да му дозволи на Ренан Каљеирос да продолжи да ги извршува задолженијата како претседател на Сенатот и покрај истрагата за корупција што се води против него, јави ДПА.

Каљеирос беше времено отстранет од должноста од едночлен состав на Врховниот суд во понеделникот, откако беше обвинет за злоупотреба на државни средства.

На седницата во полн состав Судот реши со шест наспроти три гласа Каљеирос да ја задржи функцијата, но за сметка на тоа тој нема да може повеќе да ги извршува надлежностите на претседателот, доколку шефот на државата не е во можност да остане на функцијата.

Шеесет и еден годишниот Каљеирос е обвинет дека префрлал пари од буџетот на Сенатот на фирма за автомобили со изменети договори од 2005 до 2007 година. Ова тој го правел за да може да и исплаќа алиментација на неговата вонбрачна ќерка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск