Дејвид Бекам се прости од фудбалот во Северна Америка со нова титула – MLS шампион.
Во мечот од MLS купот, LA Galaxy повторно, како и минатата година го победи Houston Dynamo со резултат 3:1 (0:1).
Ѕвездата на англискиот и светски фудбал, најави и пред овој меч дека се простува од LA Galaxy и MLS.
Galaxy во последните четири години е доминантна сила во фудбалот на тлото на Северна Америка, и во секоја од годините освоил барем два трофеја.
[nggallery id=97]
„Секоја победа во финалето е важна и посебна, а оваа е дополнително поради тоа што ова е крај на мојот петгодишен престој во клубот и градот. Секогаш сум говорел дека ќе го испочитувам договорот што сум го потпишал до крај.
– Среќен сум што бев дел од овој клуб толку долго, особено поради сите успеси во последните четири сезони“, изјави Бекам по натправарот.
Бекам најави дека ќе бара нов клуб, а за него се заинтересирани десетина екипи од Европа и Азија.