Пензионираниот генерал Кели потврди дека Трамп го поканил да го води Министерството за внатрешна безбедност

Од:

Генералниот од резервниот состав на маринците Џон Кели ја потврди информацијата објавена од Си-Ен-Ен дека бил поканет од новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп да стане министер за национална безбедност.

– Добив таква молба и јас тоа го сметам за голема чест, изјави Кели.

Шеесет и шест годишниот Кели ќе биде третиот пензиониран генерал на кого новоизбраниот претседател на САД му предложи висока функција во идната администрација.

Трамп веќе ги номинира Џејмс Матис за министер за одбрана и го назначи Мајкл Флин за свој советник за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

Илон Маск го искористи Никола Тесла како пример зошто треба да се даваат визи на одредени странски работници

Русите и Американците ќе продолжат заедно да летаат во вселената

(ВИДЕО) Објавена снимка: Чувари претепаа затовреник во Америка, умре следниот ден

Трамп е против забараната на TikTok во САД

Медведев: Скапо е да се бориш против САД