Димовски: Во Кочани ќе се градат капитални објекти

Од:

Носителот на листа во Изборната единица 3 од коалицијата За подобра Македонија Илија Димовски синоќа на прес-конференција во Кочани ги посочи проектите кои се градат во Источниот дел од државата од кои бенефит ке имаат и граѓаните на Кочани.

– Во овој град е изградена атмосферската канализација во должина од 5,5 километри, изграден е на колекторскиот систем, а ќе се гради пречистителна станица. Ја изградивме спортската сала во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, клонот на детска градинка во Оризари, систем за улично осветлување, рестартиран е и кочански Руен, истакна Димовски.

Од проектите кои се од собено значење за жителите на Кочани и регионот, а кои ќе се градат во наредните четири години, Димовски ги најави изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, како и рехабилитацијата на патните правци Винички Превалец-Македонска Каменица-Делчево, Македонска Каменица-Крива Паланка, Виница- Бигла-Делчево, како и реконструкцијата на патниот правец кон Берово со целосна замена на асвалтот.

Изградбата на хидросистемот Оризарска река со акумулацијата Речани кој чини 27,3 милиони евра, исатакна Димовски, е од особено значење за овој дел на истоична Македонија. Ќе обезбеди водоснабдување на над 100 илјди жители од Кочани, Виница, Зрновци и Чешиновои Облешево, а ќе овозможи и наводнување на нови 1.500 хектари земјоделско земјиште.

Димовски ја најави и изградбата на гасовниот систем од Штип кон Кочани, Виница и Разловци-Беровско, а најави и доаѓање на уште енколку старнски инвестиции во Кочани.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ