Ракометарите на Металург го претрпеа осмиот пораз во СЕХА лигата откако попладнево загубија на гостувањето кај Мешков Брест со 31:26 (15:11). Домашниот тим со оваа победа се проби на втората позиција на табелата.
Македонскиот вицепрвак само во три наврати имаше нерешен резултат, а последен пат беше 9:9 во 23 минута. На крајот на првиот дел Мешков Брест поведе со 15:11, а оваа предност ја имаа во најголемиот дел од второто полувреме.
Најефикасен на натпреварот беше Немања Обрадовиќ од Металург со 7 голови.
Табела: Вардар 32 бода, Мешков Брест 23, Загреб 22, Веспрем 22, Цеље 18, Горење 12, Татран Прешов 10, Нексе 8, Металург 7, Извиѓач 3.