Средба на Заев со бизнис секторот од струмичко и кавадаречко за Планот за живот!

Од:

Денеска сме повторно во мојот регион во четвртата изборна единица во тиквешијата, неколку пати имав прилика да ја посетам, денеска сме овде да се видиме со бизнис секторот, остваривме средби со многу комори, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Утре сме со Стопанската комора на Македонија, но регионот ни е посебен најземјоделски регион. Навистина порано важеше за хранител на цела бивша Југославија, верувам дека можеме многу што да разговараме со бизнисмените по повод Планот за живот во Македонија.

Денеска на оваа средба со бизнис секторот во Кавадарци овде во тиквешијата ќе поразговараме за акутните пробелми со којшто домашните компании се среќаваат, но секако и компаниите којшто се дојдени овде во Македонија.

Намерата е државата навистина да биде партнер во поддршка на нивниот раст и развој заради тоа што тие се тие коишто обезбедуваат плати, од нив ќе очекуваме да ги покачат платите и минималните и просечната плата во Македонија, од нив очекуваме да го полнат и буџетот во Македонија.

За сето тоа да се оствари државата треба да даде сериозна поддршка како би биле тие поконкурентни на домашниот и на меѓународниот пазар. Она општество за кое што сакаме да зборуваме е едно поинакво општество од сегашното. Општество каде што ќе нема казни и заплашувања, туку ќе најдат во Владата вистински партнер којшто ќе биде директна помош за сите детали коишто секојдневно бизнис секторот ги имаат во нивното работење.

Можеби сум единствен политичар од самостојна Македонија, 25 години, кој што доаѓа од бизнис секторот. Ги знам проблемите на бизнисмените, знам што значи да се произведе, да се продаде, да се наплати, да се обезбеди плата, колку брзо доаѓа први во месецот па да се платат даноците.

Навистина ги знам во суштина сите проблеми со коишто се соочуваат бизнисмените и верувам дека ќе изнајдеме вистинско решение.

Според мене, филозофијата на економскиот раст, на среќата економска кај граѓаните, лежи во деловниот сектор којшто мора да биде социјален, којшто мора да биде општествено одговорен, којшто ќе знае да прави фер распределба на профитот помеѓу капитал секторот и работникот.

Убеден сум дека такво време доаѓа, тоа е животот што го очекуваме сите во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија