Шилегов: Просечна плата од 30.000 денари, за живот

Од:

Денеска сме во општина Јегуновце, со граѓаните на оваа општина. Се наоѓаме пред комбинатот Југохром, кој што секогаш кога ДПМНЕ е на власт или не работи или има проблеми. Пред неполн еден месец 720 луѓе ги загубија своите работни места. Државата наместо да помогне, ја внесе фирмата во административните лавиринти за поставување на филтри и луѓето останаа на улица, рече Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6.

Низ цела општина Јегуновце се осеќа овој недостаток на работни места. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во својот План за живот има програма која што токму на ваквите фирми ќе дава државна помош, со цел, да истите никогаш не бидат доведени во ваква состојба и ниту еден граѓанин во Македонија, и особено овдека, во Југохром, да стравува или да го загуби своето работно место заради административните грешки или финансиските неможности на фирмите.

Со Никола Груевски и ДПМНЕ е завршено! Сѐ што знаеја, сѐ што можеа да кажат, покажаа. Граѓаните и овде од Јегуновце порачуваат: Сакаме живот, имаме План за живот!

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе воведе просечна плата која што на крајот на мандатот ќе изнесува 30.000 денари. Административците во Македонија не треба да стравуваат за своите работни места. И нивните плати ќе се зголемуваат заедно со растот на македонската економија. Ќе има поголеми плати за наставниците и за лекарите.

Јегуновце одбира живот. Македонија одбира живот. На 11 ти декември ставаме крај на злото, ставаме крај на криминалите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати