Делегација на ПССЕ ќе ги следи изборите во Македонија

Од:

Седумнаесетчлена делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 9 до 12 декември ќе престојува во посета на Република Македонија за да го набљудува спроведувањето на предвремените парламентарни избори заедно со набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, од Европскиот парламент и од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

За време на престојот, делегацијата предводена од членот на ПССЕ од Австрија Штефан Шенах, ќе се сретне со лидери и претставници на политичките партии, со претседателот на Државната изборна комисија, специјалниот обвинител, како и со претставници на меѓународни организации, на граѓанското општество и на медиумите.

Како што информираат од ПССЕ, член на Венецијанската комисија ќе обезбеди правна поддршка на делегацијата за време на посетата.

Делегација на ПССЕ го посети Скопје на 21 и 22 ноември годинава во пресрет на изборите.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска