Трамп против нарачката на нов „Боинг“ за претседателот

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека сака да се намалат трошоците за владината администрација и да се откаже нарачката на новите авиони за претседателот на САД.

На шест недели пред влегувањето во Белата куќа, Трамп на својата страница на Твитер напиша- да се откажат сите нарачки.

„Боинг“ гради сосема нов авион од типот 747 „Ер Форс Уан“ за идните претседатели, но нивната цена е надвор од секаква контрола. За нив би требало да се платат четири милијарди долари“, напиша Трамп на Твитер.

Актуелната американска администрација има договор со компанијата „Боинг„ за изработка на два или повеќе нови авиони.

Тие би требало да влезат во употреба околу 2024 година, што значи дека доколку Трамп освои уште еден мандат, тој никогаш нема да влезе во новите службени летала.

Веднаш по појавувањето на пораката на Трамп на социјалната мрежа, вредноста на акциите на „Боинг“ се намалија за еден отсто.

Американските медиуми пишуваат дека како претседател и Врховен командат, Трамп има овластување да го откаже догворот со компанијата „Боинг“ но се вели дека доколку тоа навистина се случи, тогаш американските даночни обврзници ќе мора да платат и повеќе од вредноста на авионите, затоа што ќе биде откажан договорот.

Трамп сега лета со својот „Боинг 757“ за кој вели дека е поголем и подобар од „Ер Форс Уан“.

Кога ќе влезе во Белата куќа, ќе мора да патува само со службениот авион на претседателот на САД, кој е опремен со специјална безбедносна и комуникациска опрема.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија

ВИДЕО: „САД се болни и расипани, затоа Господ ме спаси“