Заев: Земјоделското земјиште ќе биде распределено на вистинските земјоделци

Од:

Носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4 Зоран Заев по денешната посета во Демир Капија изјави дека овој земјоделски крај е пример за работлив и скромен народ.

Тој рече дека лозарството е најзастапената гранка во овој крај и дека лозарите се оставени без каква било заинтересираност од централната власт.

– Не може да останат нашите лозари буквално надвор од власта, којашто народот ја бира. Власта постои заради граѓаните и таа мора да ја заврши својата улога. Ние не бараме од политичарите да копаат, да режат, да берат во полето. Ние бараме да гарантираат пласман и да обезбедат повисоки цени, рече Заев.

Тој им вети на лозарите дека грозјето, како и јаболкото, тутунот и дел од градинарските производи ќе биде приоритет на наредната влада.

– Лозарите ќе имаат задача повеќе да произведат да го зголемат својот обем, својот квалитет, обврска на државата е пласманот и цените на продажбата уште на почетокот на сезоната помеѓу март и мај кога почнува и зарежувањето по лозјата, истакна Заев.

Целосното редефинирање на политиката, како што рече, мора да биде насочено кон обезбедување пласман. – Пласманот мора да биде обезбеден преку отворањето нови пазари кои ќе донесат дополнителна конкуренција, додаде тој.

Субвенциите, според Заев, ќе бидат 160 милиони евра годишно или вкупно 640 милиони ерва за еден четиригодишен мандат.

– Земјоделското земјиште ќе биде распределено на вистинските земјоделци, а ќе направиме и комплетна ревизија на распределбата на земјоделското земјиште, рече Заев.

Вети дека ќе ја намалат цената на нафтата и дека ќе има зелена нафта за земјоделците која, како што рече, е педесет проценти поевтина од онаа нафта која што се троши за возилата или за домаќинствата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски