Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека ќе и помогне на албанската армија да се ослободи од 140 тони опасни воени хемиски супстаници.
Канцеларијата на ОБСЕ во Албанија соопшти дека 140 тони алуминиум оксид и ксиленол се веќе спакувани и подготвени да бидат натоварени на брод за Франција каде ќе бидат уништени.
Претставникот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Борхарт апелира и до другите земји од Западен Балкан да го следат албанскиот модел за демилитаризација.
ОБСЕ во соработка со Австрија, Чешка, Германија, Норвешка и Турција веќе и помогна на Албанија да се ослободи од околу 300 тони токсични хемиски супстанци и непотребна муниција.
Албанија стана членка на НАТО во 2009 година.