На фестивалот на изведбени уметности „Импакт“ во Велес вечер ќе гостува „Артопија“ од Скопје со претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во режија на Билјана Радиноска.
Директорот на фестивалот Алексанар Ивановски изјави дека се работи за документарна претстава – авторско дело на четворица актери и еден режисер.
– Претставата ве враќа во детството кога се раѓаат големите соништа на секое дете за тоа што сака да биде кога ќе порасне, рече Ивановски.
Во претставата играат актерите Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Симона Спировска-Костовска и Ненад Митевски.
На затворањето на 6-тиот „Импакт“ во Велес утревечер ќе гостува Кумановскиот театар со претставата „Жена од минатото“.