Вардар против Веспрем ја почнува серијата од тешки гостувања

Од:

Македонскиот ракометен првак Вардар вечер од 18 часот против Веспрем ја започнува серијата од три дерби-гостувања во СЕХА-лигата.

За шпанскиот интернационалец во „црвено-црниот“ дрес Жоан Кањелјас овие натпревари ќе бидат вистински испит за формата и капацитетот на Вардар.

– Декември е тежок месец затоа што само еден од натпреварите го играме во Скопје, против Целје, а останатите се надвор и нема да бидат лесни. Поминаа само два дена по гостувањето во Киелце и веќе играме кај Веспрем. Сигурен сум дека ќе сакаат да не победат, затоа што ние ги добивме во Скопје, а потоа, пак, одиме во Брест. Ќе биде интересно да се види како тимот ќе реагира против толку добри екипи и тоа на гостински терен, вели Жоан Кањелјас.

Вардар е на врвот на табелата во СЕХА-лигата со 31 бод, девет повеќе од второпласираниот Загреб. Веспрем е дури четврти со 18, но и со четири меча помалку.

– Вистина е дека сакаме да бидеме прво место во Лигата на шампионите, бидејќи многу е важно, но во СЕХА-лигата е поинаку. Ако сме на едно од првите четири места се пласираме на фајналфор-турнирот, а тоа е нашата цел. Засега сме први и би било убаво да остане така, кога веќе не успеавме во ЛШ, да го задржиме првото место во СЕХА до Божик, но за тоа мора да играме одлично, дополни шпанскиот бек.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска