Ѓорчев: Има големи разлики во програмите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Од:

Носителот на листата за пратеници од коалицијата За подобра Макдонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денес одржа прес конференција пред регионалниот изборен штаб на партијата во Тетово. Главна тема на обраќањето на Ѓорчев беше споредбата на програмите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во однос на предвидените проекти за Тетово и тетовско.

-По детална анализа на програмите од двете партии за Тетово се доаѓа до јасен заклучок, а тоа е дека програмата на СДСМ предвидува одвај 12 проекти за коишто нема рокови, нема финасирање нема конкретни планови. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 48 нови проекти за општина Тетово. Разликата е најочигледна во делот за асфалтирање на локални улици. Тука СДСМ нема ниту еден проект, а програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува конкретно целосно асфалтирање и обнова на улицата „Гоце Делчев“ во должина од околу 1.500 метри, улицата „Браќа Симовски“ во Чапчово сокаче со должина од околу 200 метри, улиците „Тодор Ципоски Мерџан“, „Иво Лола Рибар“, „Јане Сандански“, булеварот „Благоја Тоска“ од околу 1.300 метри, патот до селото Фалиште и низ селото, улицата „Борис Кидрич“, „Кузман Јосифовски Питу“, улицата Кумановска, Љуботенска како и патот кон Бродец и Шипковица, рече Ѓорчев и додаде дека во здравството се предвидени два милиони евра за набавка на најсовремена медицинска опрема наменета за клиничката болница и здравствениот дом во Тетово како и за специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок.

Во рамките на денешната агенда тој се сретна и со раководството за Здружението на пензионери во нивните простории во Тетово и оставри средби со дел од жителите на тетовските населби Колтук и Блок 70,  а за попладне најави учество и на собирот на коалициониот партнер Гром што од 18 часот треба да се одржи во Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик